Раст на индустриското производство на Турција во јануари 2021 година

Институцијата за статистика на Турција (ТУИК) соопшти дека индустриското производство на Турција во јануари 2021 година на месечна база забележа раст од 1 отсто, а на годишна база раст од 11,4 отсто

1600252
Раст на индустриското производство на Турција во јануари 2021 година

Индексот на индустриското производство на Турција во јануари 2021 година на месечна база оствари раст од 1 отсто, а на годишна база раст од 11,4 отсто.

Институцијата за статистика на Турција (ТУИК) ги соопшти резултатите на индексот на индустриското производство  во врска со месец јануари.

Според тоа, кога ќе се анализираат подсекторите во индустријата, индексот во рударството и каменоломството во јануари 2021 година во споредба со истиот месец минатата (2020) година забележа раст од 15,4 отсто, а индексот во секторот на производствената индустрија раст од 12,1 отсто.

Индексот во секторите на рударството и каменоломството во јануари, во споредба со претходниот месец пак, забележа раст од 6,8 отсто, а индексот во секторот на производствената индустрија раст од 1,1 отсто.

Министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк во дадената изјава во врска со растот на индустриското производство рече: „Нашето индустриско производство во јануари со годишен раст од 11,4 отсто ги надмина очекувањата. Станавме една од земјите на Г-20 кои го зголемија најмногу своето индустриско производство на годишна база. И покрај пандемијата индустрискиот сектор во последната една година создаде дополнителни 337 илјади вработувања.“

Велејќи дека се посакува да се обезбеди Турција под водство на производствената индустрија да достигне до значајни бројки на раст и оваа година, министерот Мустафа Варанк информира дека со соопштениот пакет за економски реформи од страна на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ќе биде доведена во уште попривлечна состојба средината на инвестирање во Турција.

 



Слични вести