Мудис: Повеќето економии не ќе можат да се вратат на нивните преткризни патеки до 2022 година

Меѓународната организацијата за кредитен рејтинг „Мудис“ (Moody's) информира дека повеќето економии до 2022 година не ќе можат да се вратат на нивото од пред периодот на пандемијата, на нивните преткризни патеки

1598959
Мудис: Повеќето економии не ќе можат да се вратат на нивните преткризни патеки до 2022 година

Меѓународната организација за кредитен рејтинг „Мудис“ (Moody's) информира дека повеќето економии во светот до 2022 година не ќе можат да се вратат на нивото на делување од пред периодот на пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), односно на нивните преткризни патеки.

Во објавеното соопштение од организацијата за кредитен рејтинг се потсетува дека во изминатата една година по прогласувањето на Ковид-19 за пандемија од страна на Светската здравствена организација (СЗО) на 11 март 2020 година, вирусот доведе до колапс во глобалната економија и заедно со растот на обврзниците го поттикна падот на кредитот.

Во соопштението се укажува дека пандемијата на Ковид-19 сеуште создава значителни кредитни ризици за бројни сектори и земји, меѓутоа се истакнува дека во оваа 2021 година  во споредба со минатата 2020 година е можно да се реализираат помалку акции за рејтинзи (оценување).

Во соопштението исто така се привлекува внимание дека влијанието на пандемијата е намалено, но дека нема да исчезне, а воедно се изнесува и следната констатација: „Повеќето економии до 2022 година не ќе можат да се вратат на нивото од пред периодот на пандемијата, на нивните преткризни патеки.“
 



Слични вести