Турското оклопно возило „Еждер Јалчин 4x4“ прерасна во светски бренд

Тактичкото оклопно возило со тркала „Еждер Јалчин 4х4“ (Ejder Yalçın 4х4) кое е развиено во склопот на турската одбранбена индустрија, на своите успеси коишто ги долови во извозот им додава нови

1598513
Турското оклопно возило „Еждер Јалчин 4x4“ прерасна во светски бренд
Türk zırhlısı Ejder Yalçın 03.jpg
Ejder Yalçın.jpg
ejder yalçın.jpg
Türk zırhlısı Ejder Yalçın 01.jpg
Türk zırhlısı Ejder Yalçın 02.jpg
Ejder Yalçın 3.jpg
ejder yalcin zirhli araci.jpg
ejder yalçın.jpg

Турското оклопно возило „Еждер Јалчин 4х4“ (Ejder Yalçın 4х4) се користи во голем број земји на Блискиот Исток, во Заливот, Азија, Африка и во Европа, така што го долови успехот да стане единствено турско возило кое извршува задача во мисиите, ѝ на НАТО, ѝ на Обединетите нации (ОН).

Тактичкото оклопно возило со тркала „Еждер Јалчин 4х4“ кое е развиено во склопот на турската одбранбена индустрија, на своите успеси коишто ги долови во извозот им додава нови.

Турските оклопни возила „Еждер Јалчин 4х4“ (Ejder Yalçın 4х4) произведени од фирмата „Нурол Макина“, производител на оклопни копнени возила на Турција, кои располагаат со високозаштитна способност во конвенционални и асиметрични средини со својата супериорна способност на движење и капацитетот за носење на корисен товар ги исполнува потребите како во Турција, така и во странство.

Оклопното возило „Еждер Јалчин 4х4“ има повеќе од 10 различни конфигурации развиени за употреба во борбени мисии и мисии за поддршка.

Овие возила се користат во многу земји во регионот на Блискиот Исток, во  Заливот, Азија, Африка и во Европа.

Оклопното возило „Еждер Јалчин 4х4“ (Ejder Yalçın 4х4) во инвентарот на Унгарија, земја членка на Европската Унија (ЕУ) и НАТО,  влезе во 2020 година и со тоа стана првото оклопно возило кое освен во Турција се користи и во една земја членка на НАТО.

„Еждер Јалчин 4х4“ го зголеми бројот на своите корисници и во Мировните сили на Обединетите нации и успеа да го заштити својот персонал на задача против асиметричните закани и напади во областа Сахел во Африка.

На тој начин, „Еждер Јалчин 4х4“ го долови успехот да стане единствено турско возило кое се користи ѝ во мисиите на НАТО ѝ во мисиите на Обединетите нации.

Со зголемување на довербата на своите корисници „Еждер Јалчин 4х4“ стана возило за коешто постои зголемена побарувачка.

Компанијата „Нурол Макина“ оваа година потпиша договор со нов корисник во чии рамки турското оклопно возило „Еждер Јалчин 4x4“ (Ejder Yalçın 4х4) ќе се користи повторно во Мировните сили на Обединетите нации.

 



Слични вести