Извозот на суви смокви на Турција достигна до 158 милиони долари
Во извозната сезона на суви смокви којашто започна на 30 септември 2020 година до 27 февруари 2021 година се продадени 43.415 тони суви смокви од што се заработени 158 милиони долари
1595169

Извозот на суви смокви како еден од водечките земјоделски производи за извоз на Турција од почетокот на оваа сезона досега, во споредба со истиот период минатата година со раст од 2 отсто се зголеми на 158 милиони долари.
Според добиени информации од Униите на извозниците од Егејската област (ЕИБ), во извозната сезона на суви смокви којашто започна на 30 септември 2020 година до 27 февруари 2021 година се продадени 43.415 тони суви смокви од што се заработени 158 милиони долари.
Во споредба со истиот период минатата сезона во извозот на суви смокви на вредносна база е забележан раст од 2 отсто, додека првите три пазари во продажбата на суви смокви од Турција се Германија, Франција и Соединетите Анмерикански држави (САД).