Туркиш Ерлајнс со 554 летови на ден на лидерската позиција во Европа

Според извештајот на Европската организација за безбедност на воздушната навигација (ЕУРОКОНТРОЛ) за сообраќајот на летови што беше објавен вчера, Туркиш Ерлајнс со остварени просечно 554 летови на ден ги остави зад себе своите европски ривали

1594442
Туркиш Ерлајнс со 554 летови на ден на лидерската позиција во Европа

Според извештајот на Европската организација за безбедност на воздушната навигација (ЕУРОКОНТРОЛ) за сообраќајот на летови што беше објавен вчера, Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) со остварени просечно 554 летови на ден ги остави зад себе своите европски ривали.

На списокот, по Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) на второ место се наоѓа норвешката авиокомпанија „Видерое“ со 330 летови.

На третото место со дневно 322 се наоѓа „Ер Франс“, на четврто „ДХЛ“ со 271 лет, на пето место со 239 „Пегасус“, а на шесто место со 230 летови „КЛМ“.

Во објавениот извештај се истакнува дека се забележува јасен раст во бројот на дневните летови, меѓутоа воедно стои дека во споредба со 2019 година има намалување од 54,6 отсто додека претенциозните авиокомпании како што се „Рајанер“, „Виз Ер“ и „Изи Џет“ не можеа да влезат меѓу 10-те авиокомпании на списокот.



Слични вести