Министерот Варанк: Турција продолжува да расте со производство предводено од производствената индустрија

Министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк истакна дека остварениот раст од 38,7 отсто во инвестирањата во машини и опрема во четвртиот квартал на 2020 година е показател дека производствената индустрија ќе продолжи да расте

1593470
Министерот Варанк: Турција продолжува да расте со производство предводено од производствената индустрија

Министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер направи проценка на соопштените бројки на раст во текот на целата 2020 година и четвртиот квартал од годината, од страна на Институцијата за статистика на Турција (ТУИК). 

Министерот Варанк истакна дека остварениот раст од 38,7 отсто во инвестирањата во машини и опрема во четвртиот квартал на 2020 година, е показател дека производствената индустрија ќе продолжи да расте. 

Нагласувајќи дека Турција продолжува да расте со производство предводено од производствената индустрија, министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк рече: "Индустриското производство со остварениот раст од 10,5 отсто во четвртиот квартал на 2020 година, стана сектор којшто обезбеди најголем придонес во бруто домашниот производ (БДП). Најзначајната страна пак, е тоа што растот во производството се селектира и на вработувањето. Вработувањето во производствената индустрија регистрирана во Институцијата за социјална заштита со раст од 325 илјади вработувања во месец декември 2020 година во споредба со истиот месец претходната (2019) година со раст од 8,6 отсто достигна до 4 милиони 099 илјади лица."

Министерот Варанк привлече внимание дека во четвртиот квартал од минатата (2020) година е остварен силен раст од 38,7 отсто во инвестирањата во машини и опрема и го подвлече следното: "Оваа состојба е показател за тоа дека производствената индустрија ќе продолжи да расте во наредниот период. Радува тоа што го добиваме резултатот од нашите субвенции и поддршки."

 



Слични вести