Министерката за трговија Пекџан: Остварен највисокиот извоз во месец февруари на сите времиња

Министерката за трговија Рухсар Пекџан истакна дека извозот во февруари годинава со раст од 9,6 отсто изнесува 16 милијарди 12 милиони долари што претставува највисок остварен извоз во месец февруари на сите времиња

1593504
Министерката за трговија Пекџан: Остварен највисокиот извоз во месец февруари на сите времиња

Министерката за трговија Рухсар Пекџан на одржаната прес-конференција на која учествуваа и претседателот на Собранието на извозниците на Турција (ТИМ) Исмаил Ѓулле и по повод 8 март на Светскиот ден на жената и членовите на Женскиот совет на Собранието на извозниците на Турција (ТИМ), ги соопшти бројките на остварениот извоз во месец февруари 2021 година.

Министерката Пекџан истакна дека во извозот во месец февруари годинава е соборен рекордот на сите времиња. 

Велејќи дека извозот во февруари со раст од 9,6 отсто изнесува 16 милијарди 12 милиони долари, Пекџан рече: „На тој начин ја доловиме највисоката бројка во извозот во месец февруари на сите времиња.“

Таа истакна дека и покрај помината една тешка година во глобалната економија поради новиот тип коронавирус (Ковид-19) економијата на Турција со преземените ефикасни мерки се оддели позитивно од другите економии, а воедно привлече внимание дека Турција заедно со Кина е едната од двете земји кои бележат позитивен раст меѓу земјите во Г-20.

Министерката Пекџан напомена дека заклучно со првите два месеци од годинава покриеноста увозот со извоз од 79,5 отсто се зголеми на 82,9 отсто.

Пекџан истакна дека покриеноста на увозот со извоз со исклучок на златото во месец февруари изнесува 86,4 отсто, додека во периодот јануари-февруари 86,8 отсто.

„Увозот во февруари, во споредба со истиот месец во 2020 година со раст од 9,8 отсто изнесува 19 милијарди 372 милиони долари. Надворешниот трговски дефицит во првите 2 месеци опадна за 15,3 отсто.“ - рече министерката за трговија Рухсар Пекџан.

 



Слични вести