Турската економија во последниот квартал на 2020 година оствари раст од 5,9 отсто

Институцијата за статистика на Турција (ТУИК) соопшти дека турската економија во последниот квартал на 2020 година оствари раст од 5,9 отсто, додека процентот на раст во текот на целата 2020 година изнесува 1,8 отсто

1592722
Турската економија во последниот квартал на 2020 година оствари раст од 5,9 отсто

Турската економија во последниот квартал на 2020 година оствари раст од 5,9 отсто, додека процентот на раст во 2020 година изнесува 1,8 отсто.

Институцијата за статистика на Турција (ТУИК) ги соопшти бројките на економски раст на Турција во четвртиот квартал на 2020 година и во текот на целата 2020 година.

Според тоа, бруто домашниот производ (БДП) во 2020 година оствари раст од 1,8 отсто.

Бруто домашниот производ во четвртиот квартал на 2020 година во споредба со истиот квартал претходната (2019) година оствари раст од 5,9 отсто.

Министерот за трезор и финансии Лутфи Елван во направената проценка на соопштените бројки на раст во 2020 година, во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер, истакна дека Турција е едната од ретките земји кои ја завршија со раст 2020 година на која својот белег го удри глобалната здравствена криза.

Министерот Лутфи Елван во објавата напиша. „Нашиот основен приоритет во 2021 година е да се воспостави стабилност на цените. Нашата политика за борба против инфлацијата ќе го отоври патот и на една поквалитетна и одржлива инвестиција, производство и политика на раст.“



Слични вести