Расте извозот на цвеќе на Турција

Извозот на цвеќе на Турција којшто во периодот 1 јануари-21 февруари изнесуваше 19 милиони 953 илјади долари, во истиот период оваа година со раст од 19 отсто достигна до 23 милиони 752 илјади долари

1590554
Расте извозот на цвеќе на Турција

Извозот на цвеќе на Турција во периодот од 1 јануари до 21 февруари 2021 година во споредба со истиот период минатата (2020) година оствари раст од 19 отсто.

На тој начин, извозот на цвеќе од Турција којшто во периодот 1 јануари-21 февруари изнесуваше 19 милиони 953 илјади долари, во истиот период оваа година со раст од 19 отсто достигна до 23 милиони 752 илјади долари.

Турција која во својата флора располага со повеќе од 3.500 ендемски видови растенија, остварува извоз на цвеќе претежно во групи како што се сечено цвеќе, растенија за внатрешни и надворешни простории, цветни главички, цветни расади, фиданки, венци и мов.

Турција која со своето производство во оранжерии и на висорамнините сезоната на извоз ја распространи на 12 месеци, остварува извоз на цвеќе во 83 земји ширум светот на чело со европските земји.

 



Слични вести