Турција во 2020 година собори рекорд во извозот на калинки

Во минатата (2020) година е остварен извоз на 192.006 тони калинки од Турција во 75 земји низ светот во износ од 126 милиони 054 илјади долари со што е соборен рекорд

1589785
Турција во 2020 година собори рекорд во извозот на калинки

Турција во минатата (2020) година им продаде калинки на 75 земји во светот и собори рекорд во извозот на калинки.

Според објавеното соопштение од Униите на извозниците од Егејската област, минатата (2020) година во споредба со претходната (2019) година на вредносна база е остварен раст во извозот на калинки од 29 отсто и со заработени девизни приходи од 126 милиони 054 илјади долари е надминат најголемиот остварен извоз во 2013 година во износ од 111 милиони 668 илјади долари.

Извозот на калинки во 2020 година и на количинска база во споредба со претходната 2019 година со раст од 23 отсто од 155.714 тони се зголеми на 192.006 тони.

На врвот на земјите во кои е остварен најголем извоз исто како и во претходните години и минатата (2020) година се најде Руската Федерација со 44,5 милиони долари.

На второ место е Германија со 15,2 милиони долари.

Од традиционалниот пазар за извоз на турскиот сектор на свежо овошје и зеленчук  во 2020 година е остварен извоз во износ од 12,8 милиони долари и во Ирак.

Кон земјите во коишто е остварен извоз на калинки од Турција во 2020 година се приклучија и Украина, Велика Британија, Португалија, Брунеи, Брегот на Слоновата Коска, Џибути, Нигерија, Того и Мавританија.



Слични вести