Турција во 2020 година собори рекорд во здравствениот туризам

Турција во 2020 година собори рекорд во здравствениот туризам во чии рамки допатуваа 1 милион 200 илјади туристи од кои се заработени приходи во износ од 4 милијарди долари

1587615
Турција во 2020 година собори рекорд во здравствениот туризам

Минатата (2020) година и покрај ограничувањата за патување поради пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), 1 милион 200 илјади туристи од сите страни на светот дојдоа во Турција за здравствен туризам кадешто им беа обезбедени неопходните услуги од страна на турските лекари.

Турција продолжува да го прочујува своето име во здравствениот сектор по постигнатиот успех во програмата за вакцинација во борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19), значајната улога којашто ја преземаат градските болници и со нејзините лекари кои често го прочујуваат своето име.

Во лигата во здравството во светот, Турција се наоѓа на четвртото место веднаш по Тајван, Индија и Малезија, така да и покрај ограничувањата за патување поради пандемијата на Ковид-19, во секторот на здравствениот туризам беше избрана од страна на 1 милион 200 илјади туристи.

Најголем број туристи за здравство во Турција дојдоа од Ирак, Либија, Азербејџан, Алжир, Саудиска Арабија и Казахстан.

Прва сфера во која туристите добија услуга беа хируршките операции.

Турските лекари беа избор за туристите во кардиоваскуларната хирургија, лекувањето со методот "бебе од епрувета" и лекувањето од рак.

Во 2020 година од здравствениот туризам се заработени приходи во износ од 4 милијарди долари.

 



Слични вести