Турција во јануари 2021 година оствари извоз на мед во износ од околу 1,86 милиони долари
Унијата на извозниците од Источно-црноморската област (ДКИБ) соопшти дека Турција во првиот месец од годината (јануари 2021 година) оствари извоз на мед во 18 земји во светот во износ од 1 милион 864 илјади 750 долари
1584835

Турција во првиот месец од годината (јануари 2021 година) оствари извоз на мед во 18 земји во светот во износ од 1 милион 864 илјади 750 долари.
Според податоците на Унијата на извозниците од Источно-црноморската област (ДКИБ), од остварениот извоз на 465 тони мед во месец јануари 2021 година се заработени приходи во износ од 1 милион 864 илјади 750 долари.
На првото место во извозот којшто е остварен во 18 земји во светот, на прво место се наоѓа Германија со 771 илјада 390 долари.
По Германија, редум следуваат Соединетите Американски Држави (САД) со 551 илјада 409 долари и Кувајт со 120 илјади 541 долар.