Турција со рекорден извоз на морска храна во 2020 година од 1 милијарда 53 милиони долари

Турција во 2020 година оствари рекорден извоз на морска храна во вкупен износ од 1 милијарда 53 милиони долари

1584747
Турција со рекорден извоз на морска храна во 2020 година од 1 милијарда 53 милиони долари

Турција извозот на морска храна којшто во 2019 година изнесуваше 1 милијарда 11 милиони долари во 2020 година го зголеми на рекордно ниво од 1 милијарда 53 милиони долари.

Турција во одгледувањето на костур во кое е лидер во светот во  споредба со 2019 година со раст од 7 отсто во 2020 година заработи приходи во износ од 355,6 милиони долари.

Земја која оствари најголем увоз на костур од Турција е Холандија со 85 милиони 186 илјади долари. По неја следуваат Обединетото Кралство со 58 милиони долари и Италија со 52 милиони долари.

Извозот на чипура пак, во 2020 година изнесува 311 милиони долари. 

На прво место во извозот на чипура се наоѓа Италија со 56 милиони долари. 

На второ место е Грција во која Турција оствари извоз на чипура во износ од 42 милиони 180 илјади долари.

На трето место се наоѓа Холандија со 41 милион 590 илјади долари.

Турција својот извоз на морска храна во првиот месец на 2021 година во споредба со истиот месец минатата година со раст 12 отсто го зголеми на 100 милиони 809 илјади долари.

 



Слични вести