Турција од извозот на цитрусно овошје во јануари 2021 година заработи 128 милиони долари

Според податоците на Унијата на извозниците од Средоземноморската област (АКИБ), во месец јануари 2021 година од извозот на 245 илјади тони цитрусно овошје се обезбедени приходи во износ од 128 милиони долари

1583233
Турција од извозот на цитрусно овошје во јануари 2021 година заработи 128 милиони долари

Турција од извозот на цитрусно овошје во првиот месец од оваа година (јануари 2021 година) заработи приходи во износ од 128 милиони долари.

Според податоците на Унијата на извозниците од Средоземноморската област (АКИБ), во месец јануари 2021 година од извозот на 245 илјади тони цитрусно овошје се обезбедени приходи во износ од 128 милиони долари.

Според земји, најголем извоз е остварен во Русија со 55 милиони 846 илјади долари, а потоа следуваат Ирак, Украина, Романија и Полска. 

Во месец јануари 2021 година е остварен извоз на мандарини во износ од 71 милион 891 илјада долари, лимони од 31 милион 418 илјади долари, портокали од 13 милиони 605 илјади долари и грејфурт во износ од 10 милиони 935 илјади долари.

Претседателот на Националниот совет за цитрусно овошје Кемал Качмаз истакна дека особено  зголемувањето на извозот во европските земји надвор од традиционалните пазари се должи на квалитетното производство, квалитетната амбалажа и добрата логистичка инфраструктура.



Слични вести