Во јануари 2021 година Турција оствари извоз на риба хамси во износ од 920 илјади долари

Турција во првиот месец од оваа година во 16 земји во светот оствари извоз на 208 тони риба хамси од што се заработени приходи во износ од 920 илјади 017 долари

1582833
Во јануари 2021 година Турција оствари извоз на риба хамси во износ од 920 илјади долари

Во првиот месец од оваа година од Турција е остварен извоз на риба хамси во 16 земји во износ од 920 илјади долари.

Според сумираните податоци на Унијата на извозниците од Источно-црноморската област (DKİB), во месец јануари 2021 година е остварен извоз на 208 тони риба хамси од што се заработени приходи во износ од 920 илјади 017 долари. 

Земји во кои е остварена најголема надворешна продажба на риба хамси редум се Франција, Соединетите Американски Држави (САД) и Германија.

Во првиот месец од годината од Турција во Франција е остварен извоз на 59 тони риба хамси од што се заработени приходи во износ од 371 илјада 029 долари.

Кога ќе се земе во предвид дека во истиот месец (јануари) минатата (2020) година во Франција е остварен извоз на 35 тони риба хамси и од тоа се заработени приходи во износ од 171 илјада 494 долари, ќе се согледа дека во извозот во оваа земја е остварен раст од 68 отсто на количинска база и раст од 116 отсто раст на вредносна база.

По Франција редум следуваат Соединетите Американски Држави (САД) со извоз во износ од 151 илјада 365 долари и Германија со 143 илјади 345 долари.

 



Слични вести