Од Диловаси во Коџаели испратена првата пратка железнички вагони-цистерни за Ирак

Започна испораката на произведените 50 железнички вагони-цистерни  од 400 вагони-цистерни коишто ќе бидат произведени за ирачките железнички линии од страна на фирмата „Cryocan“ во Диловаси во Коџаели

1582954
Од Диловаси во Коџаели испратена првата пратка железнички вагони-цистерни за Ирак

Министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк ја испрати првата пратка со железнички вагони-цистерни произведени во градот Коџаели, за ирачките железнички линии.

Започна испораката на произведените 50 железнички вагони-цистерни  од 400 вагони-цистерни коишто ќе бидат произведени за ирачките железнички линии од страна на фирмата „Cryocan“ во Диловаси во Коџаели.

Фирмата има за цел до крајот на годината да го заврши производството на уште 100 вагони-цистерни и да му ги предаде на Ирак.

Министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк ја посети фабриката во Диловаси кадешто се произведуваат овие железнички вагони-цистерни.

Министерот Варанк ги испрати првите вагони-цистерни коишто беа качени на шлепери и испратени во Ирак и во говорот што го одржа овде истакна дека фирмата „Cryocan“ која произведува цистерни под висок притисок од 1 кубни метри до 5 илјади кубни метри и од 1 бар до 100 бара, се наоѓа меѓу угледните фирми во светот во офаа сфера.

Варанк информира дека фирмата „Cryocan“ приближно 80 отсто од продажбата ја реализира во 66 земји ширум светот.

„Вагоните-цистерни коишто се произведуваат во Коџаели со висок процент на домашно производство ќе одиграат голема улога транспортот на нафтата и течното гориво во Ирак од магистрален да се пренесе на железнички сообраќај.“ - рече министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк.

 



Слични вести