Варанк: Турција со најголем раст на индустриското производство во декември 2020 г. меѓу земјите на Г-20

Министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк истакна дека Турција е земја која го зголеми најмногу индустриското производство во месец декември 2020 година меѓу земјите на Г-20

1582428
Варанк: Турција со најголем раст на индустриското производство во декември 2020 г. меѓу земјите на Г-20

Министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк на својот профил преку социјалната медија ги сподели податоците во врска со индустриското производство во месец декември 2020 година.

Министерот Варанк истакна дека Турција е земја која го зголеми најмногу индустриското производство во месец декември 2020 година меѓу земјите на Г-20.

Варанк во својата објава напиша: „Силниот раст што се согледува во индустриското производство во последниот квартал, потврди дека Турција ќе стане една од неколкуте земји кои во 2020 ќе остварат позитивен раст. Со нашата волја за реформа во сферите на економијата и правото и со залагањата на нашите индустријалци ќе ја продолжиме нашата цел за квалитетен и стабилен раст.“



Слични вести