Индексот на индустриското производство на Турција во декември 2020 година со раст од 9 отсто

Институцијата за статистика на Турција (ТУИК) соопшти дека индексот на календарски прилагоденото индустриско производство во месец декември 2020 година, во споредба со истиот месец 2019 година се зголеми за 9 отсто, на годишна база

1582420
Индексот на индустриското производство на Турција во декември 2020 година со раст од 9 отсто

Индексот на индустриското производство во месец декември 2020 година на годишна база оствари раст од 9 отсто.

Институцијата за статистика на Турција (ТУИК) ги соопшти резултатите од индексот на индустриското производство во врска со месец декември минатата (2020) година.

Според тоа, индексот на календарски прилагоденото индустриско производство во месец декември 2020 година, во споредба со истиот месец 2019 година се зголеми за 9 отсто.

Исто така и во индексот на неприлагоденото индустриско производство на годишна база е остварен раст од 12,1 раст.

Кога ќе се анализираат подсекторите во индустријата, индексот во секторите на рударството и каменоломството во декември 2020 година во споредба со истиот месец минатата (2019) година забележа раст од 6 отсто, индексот во секторот на производствената индустрија раст од 9,5 отсто, а индексот во секторите на електричната енергија, гасот, пареата и производството и дистрибуцијата на климатизација оствари раст од 4,9 отсто. 

 



Слични вести