Туркиш Ерлајнс со дневно 588 летови на врвот на Европа и во првата недела на февруари 2021 г.

Европската организација за безбедност на воздушната навигација (ЕУРОКОНТРОЛ) соопшти дека Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) го зачува своето место на врвот на Европа со остварени дневно по 588 летови и во првата недела на февруари оваа година

1580346
Туркиш Ерлајнс со дневно 588 летови на врвот на Европа и во првата недела на февруари 2021 г.

Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) го зачува своето место на врвот на Европа со остварени дневно по 588 летови и во првата недела на февруари оваа година.

Според извештајот на Европската организација за безбедност на воздушната навигација (ЕУРОКОНТРОЛ) за сообраќајот на летови од 1 до 7 февруари, Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) со остварени дневно по просечно 588 летови ги остави зад себе своите европски ривали и во оваа недела (1-7 февруари).

На второ место е „Ер Франс“ (Air France) со дневно остварени по 381 лет.

Во извештајот се истакнува дека во неделата 1-7 февруари се оствари дневно по 8.752 летови.

Во извештајот стои дека во наведената недела авиокомпанија со најголем број остварени летови стана Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс), а воедно се вели дека во наведената недела на четвртото место со дневно остварени по 262 летови се наоѓа еден друг авиопревозник на Турција „Пегасус“.



Слични вести