Извозот на свежо овошје и зеленчук на Турција во јануари 2021 г. достигна до 279 милиони долари

Турција во месец јануари 2021 година од извозот на 475.714 тони свежо овошје и зеленчук заработи приходи во износ од 279 милиони долари

1580096
Извозот на свежо овошје и зеленчук на Турција во јануари 2021 г. достигна до 279 милиони долари

Извозот на свежо овошје и зеленчук на Турција во месец јануари 2021 година, со споредба со истиот месец (јануари) минатата 2020 година сот раст од 9 отсто се зголеми на 279 милиони долари.

Претседателот на Управниот одбор на Унијата на извозниците на свежо овошје и зеленчук од Средоземнорската област Неждат Син во објавеното писмено соопштение истакна дека секторот којшто минатата 2020 година оствари надворешна продажба во износ од 2,3 милијарди долари, новата 2021 година ја започна со раст во извозот.

Велејќи дека во месец јануари годинава е остварен извоз на 475.714 тони свежо овошје и зеленчук, со што во споредба со истиот месец минатата (2020) година со раст од 9 отсто се заработени приходи во износ од 279 милиони долари, Неждат Син рече: „На чело со производите во кои е остварен најголем извоз во месец јануари со 71,8 милиони долари се наоѓаат мандарините. На второ место со 35,6 милиони долари се наоѓа извозот на домати, на трето место со 31,4 милиони долари извозот на лимони, на четврто место со 29,4 милиони долари извозот на калинки. Овие четири производи сочинуваат 61 отсто од нашиот извоз во секторот во износ од 168,3 милиони долари.“

Неждат Син, направи проценка на извозот и на база на земји во врска со што го истакна следното: „Од извозот во Русија на 134.473 тони производи заработивме 80,4 милиони долари. На второ место со 72.981 тон и 26,4 милиони долари е Ирак, а на трето место со 27.258 тони и 22,6 милиони долари е Романија. Најголемиот извоз во месец јануари го доловивме во Сирија и со раст од 695 отсто достигнавме до 6,5 милиони долари. Втора е Австрија со раст од 96 отсто и 2,4 милиони долари, а на трето место се наоѓа Ирак со раст од 93 отсто и 26,4 милиони долари.“

 



Слични вести