Во јануари 2021 година аеродромите во Турција ги користеа вкупно 5 милиони 227 илјади 452 патници

Претпријатието за стопанисување со државни аеродроми (ДХМИ) на Министерството за транспорт и инфраструктура ги соопшти статистичките податоци за авионите, патниците и товарот во месец јануари 2021 година

1579368
Во јануари 2021 година аеродромите во Турција ги користеа вкупно 5 милиони 227 илјади 452 патници

Вкупниот број на патници на кои им е дадена услуга на аеродромите во Турција во месец јануари оваа година, изнесува 5 милиони 227 илјади 452 лица.

Претпријатието за стопанисување со државни аеродроми (ДХМИ) на Министерството за транспорт и инфраструктура ги соопшти статистичките податоци за авионите, патниците и товарот во месец јануари 2021 година.

Според тоа, бројот на авионите кои слетаа и полетаа од/за аеродромите во Турција кадешто се преземени сите неопходни мерки во рамките на борбата против пандемијата на Ковид-19 во месец јануари годинава во домашните линии достигна до 40.055, а меѓународните линии 19.772 авиони, додека заедно и со транзитните летови е реализиран авионски сообраќај од 73.734 авиони. 

Патничкиот сообраќај на аеродромите коишто пружаат услуга во Турција во домашните линии изнесува 3 милиони 366 034 лица, а во меѓународните линии 1 милион 858 илјади 312 лица. 

На тој начин, во месец јануари 2021 година заедно и со директните транзитни патници им е пружана услуга на вкупно 5 милиони 227 илјади 452 патници. 

Товарниот сообраќај (карго, пошта и багаж) на аеродромите во Турција во месец јануари изнесува вкупно 187.141 тони од кои 36.715 тони во домашните линии и 150.426 тони до меѓународните линии.



Слични вести