Од Бурса во јануари 2021 година е остварен извоз во износ од 1 милијарда 142 илјади долари

Од градот Бурса во месец јануари 2021 година е остварен извоз на производи во бројни сектори во 158 земји во износ од 1 милијарда 142 илјади 278 долари

1579630
Од Бурса во јануари 2021 година е остварен извоз во износ од 1 милијарда 142 илјади долари

Од градот Бурса каде се остварува значајно производство во бројни сфери на чело со автомобилската и текстилната индустрија, во првиот месец (јануари) од 2021 година се испорачани производи во 158 земји, слободни зони и автономни области.

Според сумираните податоци на Собранието на извозниците на Турција (ТИМ), од остварениот извоз на извозниците од градот Бурса во месец јануари се заработени приходи во износ од 1 милијарда 142 илјади 278 долари.

Најголема продажба од Бурса како град кој го зачувува второто место во вкупниот извоз на Турција, е реализирана во Германија.

Извозот во Германија во месец јануари 2021 година во споредба со истиот месец минатата 2020 година, со раст од 7,4 отсто изнесува 164 милиони 997 илјади долари.

Извозот во Франција која се наоѓа на второ место, исто така со раст од 14,6 отсто од 128 милиони 412 илјади долари достигна до 147 милиони 114 илјади долари.

Во Италија, која се наоѓа на трето место со раст од 2,5 отсто е остварен извоз во износ од 102 милиони 369 илјади долари.

Надворешната продажба во Германија, Франција и Италија во месец јануари сочинува 36,28 отсто од вкупниот остварен извоз на Бурса. 

Остварениот извоз од Бурса во месец јануари во Соединетите Американски Држави (САД) со раст од дури 109 отсто од 32 милиони 584 илјади долари се искачи на 68 милиони 102 илјади долари.

Надворешната продажба од Бурса во централно африканската држава Габон со раст за приближно 100 пати од 43 илјади долари се зголеми на 4 милиони 236 илјади долари.

Остварениот извоз и во една друга африканска земја Гана во месец јануари исто така со раст од повеќе од 13 пати од 131 илјада долари достигна до 1 милион 725 илјади долари. 

На база на сектори најголемиот извоз е остварен од страна на автомобилската индустрија и тоа во износ од 556 милиони 675 илјади долари.

Извозниците кои делуваат во секторот на готова облека и конфекција кој се наоѓа на второ место во надворешната продажба на градот Бурса, во месец јануари остварија продажба во износ од 124 милиони 072 илјади долари.

Извозот во секторот на текстил и репроматеријали пак, кој се наоѓа на трето место изнесува 88 милиони 423 илјади долари. 

 



Слични вести