„Туркиш Карго“ избран за најдобар воздушен карго превозник во 2020 година

Церемонијата на доделување на наградата на „Туркиш Карго“ за најдобар воздушен карго превозник во 2020 година, поради глобалната епидемија беше одржана на 22 јануари преку дигитална платформа

1578540
„Туркиш Карго“ избран за најдобар воздушен карго превозник во 2020 година

„Туркиш Карго“ во „Payload Asia 2020“ е избран за „најдобар воздушен карго превозник“ и страна добитник на наградата „Overall Carrier Of Year“.

Според објавеното писмено соопштение од прес-центарот на Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс), компанијата за воздушен транспорт „Туркиш Карго“ која и покрај сите тешкотии и ограничувања продолжи да работи и да оперира во текот на 2020 година нон стоп 7/24 часа, во Payload Asia со седиште во Сингапур е избрана за „Воздушен карго превозник на годината“.

Церемонијата на доделување на наградата, поради глобалната епидемија беше одржана на 22 јануари преку дигитална платформа.

На манифестацијата на која беа доделени награди во 15 категории добитниците беа избрани по пат на гласање од страна на експерти на синџирот за снабдување, земајќи ги притоа за основа критериумите како што се квалитетот, иновацијата, продуктивноста, брзината, доверливоста и визијата.

Во објавеното соопштение им се одделува место на изјавите на заменик генералниот директор на Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Карго) Турхан Озен кој го истакна следното: „Оваа драгоцена награда и глобално квалификуваните награди коишто ги добивме во текот на годината, се значајна пресвртница која што укажува на нашиот квалитет во услугата, оперативното совршенство, нашите стандарди во правец на надминување на иновацијата и очекувањата на муштериите и на нашите одржливи успеси. Нашиот бренд којшто во глобална смисла располага со најраспространета мрежа на летови ќе продолжи да реализира мошне значајни транспорти со изградените мостови за воздушен карго превоз. Туркиш Карго со новите технологии коишто ги користи и развива и во иновативните приоди ќе го продолжи својот успех и во развивањето на поефикасни решенија во процесот на тешката пандемија.“

 



Слични вести