Извозот на морска храна на Турција во јануари 2021 година се зголеми на 100,8 милиони долари

Извозот на морска храна на Турција во месец јануари оваа година во споредба со истиот месец (јануари) минатата (2020) година со раст од 12 отсто се искачи на највисокото ниво во својата историја и се зголеми на 100 милиони 809 илјади долари

1578581
Извозот на морска храна на Турција во јануари 2021 година се зголеми на 100,8 милиони долари

Заменик претседателот на Централната унија за производство на одгледувачите на морска храна Ихсан Бозан даде изјави во врска со состојбата во извозот на морска храна.

Ихсан Бозан појасни дека извозот на морска храна на Турција во месец јануари оваа година во споредба со истиот месец (јануари) минатата (2020) година со раст од 12 отсто се искачи на највисокото ниво во својата историја и се зголеми на 100 милиони 809 илјади долари.

Тој рече: „Извозот на морска храна којшто во месец јануари минатата година изнесуваше 90 милиони 298 илјади долари, во месец јануари 2021 година е регистриран како 100 милиони 809 илјади долари. На прво место во извозот на морска храна со 13 милиони 677 илјади долари се наоѓа костурот, а потоа со 25 милиони 469 илјади долари следува ципурата. Во извозот на пастрмка и туна пак, во нашата земја е обезбеден влез на девизи во износ од по 10 милиони долари. Извозот на турски лосос пак чија ѕвезда блеска во извозот на морска храна во последните години од 678 илјади долари се зголеми дури на 9 милиони 753 илјади долари. Особено побарувачката за турски лосос, како и за костур и ципура добија вредност во висок процент и во нашата земја и во светот.“



Слични вести