Турција во сезоната 2020-2021 година за 6 месеци од извозот на сувии кајсии заработи 162 милиони долари

Според објавеното писмено соопштение од Униите на извозниците од Егејската област, во сезоната 2020-2021 година за 6 месеци е остварен извоз на суви кајсии во 104 земји во износ од 162 милиони долари

1578105
Турција во сезоната 2020-2021 година за 6 месеци од извозот на сувии кајсии заработи 162 милиони долари

Приходите на Турција од извозот на суви кајсии во сезоната 2020-2021 година за 6 месеци, во споредба со претходната сезона, со раст од 7 отсто се зголемија на 162 милиони долари.

Според објавеното писмено соопштение од Униите на извозниците од Егејската област, во сезоната 2020-2021 година за 6 месеци е остварен извоз на суви кајсии во 104 земји.

На тој начин извозот на сувии кајсии на Турција во наведениот период изнесува 162 милиони долари.

На прво место меѓу земјите во кои е остварен најголем извоз на суви кајсии од Турција се наоѓаат Соединетите Американски Држави (САД) со 20 милиони 416 илјади долари.

По САД, следуваат Германија со 15 милиони 400 илјади долари, Франција со 14 милиони долари и Бразил до 9 милиони 600 илјади долари. 

 



Слични вести