Турција во 2020 година од извозот на портокали заработи 129 милиони долари

Турција во 2020 година оствари извоз на портокали во 60 земји во светот во износ од 129 милиони што претставува раст од 41 отсто во споредба со претходната 2019 година

1576535
Турција во 2020 година од извозот на портокали заработи 129 милиони долари

Извозот на портокали на Турција во 2020 година во споредба со претходната 2019 година со раст од 41 отсто достигна до 129 милиони долари.

Според сумираните податоци од Униите на извозниците од Егејската област, извозот на портокали на Турција во 2019 година изнесуваше 91 милион 492 илјади долари.

Извозот во минатата сезона (2020) година поради зголемената побарувачка што се појави во периодот на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) забележа раст во вредносна база.

Така во 2020 година од Турција им беа испратени портокали на 60 земји во светот.

На прво место во извозот на портокали се наоѓа Русија со 63 милиони 482 илјади долари.

По Русија пак, следуваат Ирак со 19 милиони 111 илјади долари и Украина со 15 милиони 314 илјади долари.

 



Слични вести