Турција во 2020 година стана најголем производител на суров челик во Европа

Во минатата (2020) година производството на суров челик на Турција во споредба со претходната (2019) година со раст од 6 отсто достигна до 35,8 милиони тони со што Турција стана најголем производител на суров челик во Европа и на седмо место во светот

1575837
Турција во 2020 година стана најголем производител на суров челик во Европа

Производството на суров челик на Турција и покрај периодот на пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) со раст од 6 отсто достигна до 35,8 милиони тони.

Со овие бројки, Турција се искачи на позиција на најголем производител на суров челик во Европа, а на седмо место во светот.

Според добиени информации од Здружението на производителите на челик на Турција (ТЧУД или TÇÜD), производството на суров челик во првата половина на минатата (2020) година поради пандемијата на Ковид-19 во споредба со истиот период претходната (2019) година, се намали за 4,1 отсто, додека во третиот квартал се зголеми за 16,6 отсто и во четвртиот квартал за 16,2 отсто.

Производството на суров челик, кога ќе се направи споредба со претходната (2019) година во текот на целата 2020 година со раст од 6 отсто достигна до 35,8 милиони тони.

Исто така и во месец декември минатата (2020) година, во споредба со истиот месец во 2019 година, производството на суров челик на Турција со раст од 17,7 отсто изнесуваше 3,4 тони

 



Слични вести