Министерката за трговија Рухсар Пекџан: Во јануари е остварен најголемиот извоз на сите времиња

Министерката за трговија Рухсар Пекџан истакна дека извозот во јануари 2021 година во споредба со истиот месец минатата година со раст од 2,5 отсто достигна до 15 милијарди 48 милиони долари со што е остварен најголемиот извоз на сите времиња

1575793
Министерката за трговија Рухсар Пекџан: Во јануари е остварен најголемиот извоз на сите времиња

Министерката за трговија Рухсар Пекџан ги соопшти бројките од остварениот извоз во месец јануари 2021 година во врска со што истакна дека во извозот во јануари е остварен највисокиот извоз на сите времиња.

Велејќи „Нашиот извоз во јануари во споредба со истиот месец минатата година со раст од 2,5 отсто достигна до 15 милијарди 48 милиони долари“, министерката Пекџан истакна дека тоа претставува остварен најголем извоз во месец јануари на сите времиња.

„Вредноста во извозот за месец јануари ја сметаме како значаен и успешен перформанс којшто се согледува и покрај  ограничувањата во снабдувањето како што се средината на неизвесност во глобалната економија,  ограничувањата коишто се ставени во примена кај нашите трговски партнери поради вториот бран (на пандемијата на новиот тип коронавирус), задоцнувањата во процесите на доставување, порастот во логистичките трошоци.“ - рече министерката за трговија Рухсар Пекџан.

Министерката Пекџан додаде дека процентот на дебалансот помеѓу извозот и увозот во месец јануари во споредба со истиот месец минатата (2020) година со раст од 6,5 отсто изнесува 83 отсто, а со исклучок на златото 87 оттсо..

 



Слични вести