Турција во 2020 година собори рекорд во извозот на овошни сокови и заработи 322,8 милиони долари

Турција во 2020 година собори рекорд во извозот на овошни сокови и заработи приходи во износ од приближно 322,8 милиони долари

1575224
Турција во 2020 година собори рекорд во извозот на овошни сокови и заработи 322,8 милиони долари

Турција во 2020 година собори рекорд во извозот на овошни сокови и заработи приходи во износ од приближно 322,8 милиони долари. 

Според податоците на Унијата на извозниците од Егејската област, извозот на овошни сокови на Турција во 2019 година изнесуваше 259 милиони 884 илјади долари. 

Во минатата 2020 година пак, во извозот на овошни сокови на Турција е остварен раст од 24 отсто и изнесуваше вкупно 322 милиони 793 илјади долари.

На прво место меѓу земјите во кои е остварен најголем извоз на овошни сокови се наоѓаат Соединетите Американски Држави (САД) со 86 милиони 641 илјада долари, а на второ место е Холандија со 32 милиони 143 илјади долари.

Најголемиот раст во споредба со 2019 година е реализиран на пазарот на Јужна Кореја. 

Според тоа, остварениот извоз во Јужна Кореја која со раст од 133 отсто се искачи на третото место, изнесува 31 милион 519 илјади долари.

Според видовите овошни сокови, најмногу се извезени сок од јаболка и концентрат, сок од грозје и концентрат и сок од ананас и концентрат.

 



Слични вести