Флотата на цивилното воздухопловство на Турција се состои од вкупно 554 авиони

Министерството за транспорт и инфраструктура ги соопшти статистичките податоци за флотата авиони во врска со 2020 година и истакна дека Во флотата на цивилното воздухопловство на Турција има вкупно  554 авиони од кои 523 патнички и 31 карго авиони

1575327
Флотата на цивилното воздухопловство на Турција се состои од вкупно 554 авиони

Во флотата на цивилното воздухопловство на Турција има вкупно  554 авиони од кои 523 патнички и 31 карго авиони.

Министерството за транспорт и инфраструктура ги соопшти статистичките податоци за флотата авиони во врска со 2020 година.

Според тоа, Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) располага со вкупно 341 авион регистрирани на име на Генералната дирекција за цивилно воздухопловство од кои 18 карго и 323 патнички авиони.

По Туркиш Ерлајнс како авиокомпанија на Турција која располага со најголема флота на авиони следуваат авиопревозникот Пегасус со 93 патнички авиони, авиопревозникот Ѓунеш Експрес со 58 авиони, превозникот Онур Еир со 23 патнички авиони, туристичкиот воздушен транспорт со 13 патнички авиони, авиопревозникот за транспорт и трговија Хуркуш со 8 патнички авиони, авиокомпанијата Таилвинд со 5 патнички авиони.

Авиокомпанијата МНГ и авиокомпанијата за транспорт АЦТ располагаат со по 5 карго авиони, а авиопревозникот за карго транспорт УЛС со 3 карго авиони.

На тој начин, во флотата на цивилното воздухопловство на Турција има вкупно  554 авиони од кои 523 патнички и 31 карго авиони.



Слични вести