Турција во 2020 година и покрај пандемијата оствари извоз на суво овошје од 1,4 милијарди долари

Турција минатата (2020) година и покрај пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) оствари извоз на 477 илјади тони суво овошје и од тоа заработи приходи во износ од 1 милијарда 400 милиони долари

1574525
Турција во 2020 година и покрај пандемијата оствари извоз на суво овошје од 1,4 милијарди долари

И покрај пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) минатата (2020) година во Турција е остварен извоз на 477 илјади тони суво овошје.

Со овој остварен извоз во 2020 година се заработени приходи во износ од 1 милијарда 400 милиони долари.

Најбарани производи од страна на луѓето беа суви производи коишто не се расипуваат, коишто можат да се чуваат долго време, коишто даваат енергија, како што се суво грозје, суви кајсии, суви смокви и антепски фистаци.

На чело на земјите во остварениот извоз на Турција во суво овошје и производи на суво овошје се наоѓаат Германија, Велика Британија и Италија.



Слични вести