Турција, единствена земја која ја зголеми својата продажба на европскиот автомобилски пазар во 2020 година

Турција и покрај пандемијата на Ковид-19 се истакна како единствена земја која ги зголеми своите продажби во автомобилскиот пазар кој што ги опфаќа земјите на ЕУ, ЕФТА и Обединетото Кралство.

1574467
Турција, единствена земја која ја зголеми својата продажба на европскиот автомобилски пазар во 2020 година

Автомобилскиот пазар на Турција со перформансот што го постигна минатата (2020) година и покрај пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) ги остави зад себе 25 авропски земји.

Додека пандемијата на Ковид-19 особено во првиот период стана причина да се доживеат негативности во голем број сектори, автомобилскиот сектор се најде на чело на најмногу погодените сектори.

Факторите како што беа тоа што Ковид-19 минатата (2020) година во споредба со Европа се појави подоцна во Турција, силните преземени мерки и особено апетитот за купување којшто се зголеми особено поради одложените побарувачки, овозможија Турција да ја зголему својата моќ во продажбите на автомобили.

Кога ќе се направи проценка според земјите на европскиот автомобилски пазар, немаше земја која минатата година ја зголеми продажбата на автомобили меѓу земјите на Европската унија (ЕУ), Обединетото Кралство и земјите на Европската асоцијација за слободна трговија (ЕФТА).

Турција се истакна како единствена земја која ги зголеми своите продажби во автомобилскиот пазар кој што ги опфаќа земјите на ЕУ, ЕФТА и Обединетото Кралство.

На крајот на минатата 2020 година Турција со остварен раст од 61,8 отсто во споредба со минатата година зазеде место на 6-тото место по редоследот во продажбата во возила во Европа, со раст од 57,5 отсто на 6-тото место по редоследот во продажбата на автомобили во Европа и со раст од 77,2 отсто на 4-тото место по редоследот во продажбата на комерцијални возила во Европа.

 



Слични вести