Извозниот воз натоварен со бор кој патува од Турција за Кина, од Карс е испратен за Грузија

Извозниот воз број 45232 натоварен со бор кој вчера од Анкара тргна за Кина од градот Карс е испратен за Грузија

1574322
Извозниот воз натоварен со бор кој патува од Турција за Кина, од Карс е испратен за Грузија

Извозниот воз натоварен со бор кој тргна од Турција за Кина од градот Карс е испратен за Грузија.

Возот број 45232 натоварен со бор кој вчера од главниот град Анкара беше испратен со церемонија и кој ќе патува за Кина, преку маршутата од Анкара за Кајсери, Сивас, Ерзурум и населеното место Сарикамиш пристигна на железничката станица во градот Карс.

Возот број 45232 по завршените работи на железничката станица во Карс тргна кон градот Ахилкелек во Грузија.

Рудата бор која од страна на Генералната дирекција на „Ети Маден“ ќе биде извезена за Кина со 42 контејнери ќе биде однесена во кинескиот град Ксиан. 

Патувањето на возот натоварен со бор преку Анкара, Сивас и Карс продолжува кон Грузија, Азербејџан, Каспиското Море и Казахстан по што ќе заврши во Кина.

Патувањето на борот од Турција за Кина ќе трае 12 дена и притоа ќе се поминат 2 континенти, 2 мориња и 5 земји.

Возот во Турција патуваше 2.323 километри, а ќе патува и 220 километри во Грузија, 430 километри во Азербејџан, 420 километри во Каспиското Море, 3.200 километри во Казахстан и 2.100 километри во Кина, вкупно 8.693. 

 



Слични вести