Турција во 2020 година од приближно 16 милиони туристи заработи 12 милијарди 59 милиони долари

Според објавените податоци од страна на Министерството за култура и туризам, бројот на посетителите кои допатуваа во Турција во 2020 година изнесува вкупно 15 милиони 963 илјади 997 посетители од кои се заработени приходи во износ од 12 милијарди долари

1573645
Турција во 2020 година од приближно 16 милиони туристи заработи 12 милијарди 59 милиони долари

Турција минатата (2020) година пречека приближно 16 милиони потсетители,

Според објавените податоци од страна на Министерството за култура и туризам, бројот на посетителите кои допатуваа во Турција во минатата 2020 година изнесува вкупно 15 милиони 963 илјади 997 посетители.

Туристичките приходи на Турција во 2020 година изнесуваат вкупно 12 милијарди 59 милиони 320 илјади долари.

Потрошените средства за едно лице просечно изнесува по 762 долари.

Земја која испрати најголем број посетители во 2020 година во Турција со 2 милиони 128 илјади 758 лица е Русија. Потоа следуваат Бугарија со 1 милион 424 илјади 961 лице и Германија со 1 милион 118 илјади 932 лица.

По Германија пак, редум следуваат Украина, Велика Британија, Грузија, Ирак, Иран, Франција и Холандија.

Според редоследот на градови пак, во кои дојдоа посетителите кои ја посетија Турција во 2020 година на првото место се наоѓа Истанбул, а потоа следуваат Анталија, Едирне, Мугла и Артвин.



Слични вести