Турција остави зад себе 18 европски земји во автомобилската индустрија

Турција со своите 17 производствени постројки во автомобилската индустрија со коишто располага остави зад себе 18 европски земји и се најде на петтото место

1573518
Турција остави зад себе 18 европски земји во автомобилската индустрија

На европскиот континент заклучно со 2019 во 25 различни земји има вкупно 298 постројки за монтажа и производство на автомобили, меѓутоа Турција со своите 17 производствени постројки со коишто располага остави зад себе 18 европски земји.

Турската автомобилска индустрија која остварува извоз на повеќе од половината од производството зазема значајна позиција во Европа и од аспект на продажбата на автомобили.

Најголем број постројки на европскиот континент со 42 постројки има во Германија, земјата локомотива на Европа.

Потоа редум следуваат Русија и Франција со 31 постројка, Обединетото Кралство со 23 постројки, Италија со 23 и Турција и Шпанија со 17 постројки. 

На тој начин, Турција со 17 постројки остави зад себе 18 европски земји и се најде на петтото место на европскиот континент.



Слични вести