Претседателот на Централната банка на Република Турција Наџи Агбал: Инфлационата стапка на крајот на 2021 година ќе изнесува 9,4 отсто

„Прогнозираме дека инфлацијата на крајот на 2021 година ќе изнесува 9,4 отсто. Предвидуваме дека инфлацијата во 2022 година ќе изнесува 7 отсто.“ - рече Наџи Агбал, претседателот на Централната банка на Република Турција

1572816
Претседателот на Централната банка на Република Турција Наџи Агбал: Инфлационата стапка на крајот на 2021 година ќе изнесува 9,4 отсто

Претседателот на Централната банка на Република Турција Наџи Агбал информира дека инфлационата стапка на крајот на 2021 година ќе изнесува 9,4 отсто.

Агбал првиот извештај посветен на инфлационата стапка во оваа година го соопшти на одржаната прес-конференција на која истакна дека падот на девизниот курс во последните месеци покажува оти ќе се намалат влијанијата над инфлацијата коишто произлегуваат од курсот и дека затоа не се променети прогнозите за инфлационата стапка во 2021 година.

„Прогнозираме дека инфлацијата на крајот на 2021 година ќе изнесува 9,4 отсто. Ги зачувавме прогнозите за инфлацијата којашто се предвидуваше во извештајот во октомври. Предвидуваме дека инфлацијата во 2022 година ќе изнесува 7 отсто.“ - рече Тој.

Претседателот на Централната банка на Република Турција Наџи Агбал информира дека Советот за монетарна политика со цел да се постигне целта за инфлациона стапка од 5 отсто ќе продолжи да ги користи сите инструменти со коишто располага, а воедно го подвлече следното: „Предвидуваме дека на крајот на 2023 година ќе можеме да ја постигнеме целта во инфлацијата. Ќе го зачуваме нашиот претпазлив став се додека да ја постигнеме целта.“

 



Слични вести