Од секои 100 произведени возила во 2020 година во Сакарја 76 возила се извезени

Од вкупно 1 милион 335 илјади 957 возила кои во минатата (2020) година се произведени во Турција е реализиран извозот на 930.038 возила од кои 255.693 се производни во Сакарја, а од кои се придадеби6во странство 195.504 возила

1570419
Од секои 100 произведени возила во 2020 година во Сакарја 76 возила се извезени

Во Сакарја која се наоѓа меѓу водечките градови на Турција во производството на автомобили, минатата (2020) година се симнати од производствената лента 255.693 возила.

Според податоците на Здружението за автомобилска индустрија, од 1 милион 335 илјади 957 возила вклучени и трактори кои се произведени во Турција во 2020 година е реализиран извозот на 930.038 возила.

Сакарја од овие бројки располага со дел од 21 отсто и од произведените 255.693 возила оствари извоз на 195.504 возила што изразено процентуално изнесува 76,4 отсто.

На тој начин од секои произведени и симнати од производствената лента 100 возила од Сакарја се продадени во странство 75 возила.

Сакарја со остварен извоз на 195.504 возила обезбеди девизни приходи за економијата на земјата во износ од 4 милијарди 003 милиони 855 долари.

Според редоследот на градови во извозот на возила Сакарја се наоѓа на седмото место по Истанбул, Бирса, Коџаели, Измир, Анкара и Газиантеп. 

Од Сакарја минатата (2020) година во 153 земји и 10 слободни зони е остварен извоз на возила во износ од приближно 4,5 милијарди долари.

 



Слични вести