Турција се искачи на шестото место во Европа по бројот на продадени автомобили

Турција во 2020 година во споредба со претходната 2019 година со раст од 57,5 отсто и 610.109 автомобили се најде на шестото место по бројот на продадените автомобили во Европа

1568281
Турција се искачи на шестото место во Европа по бројот на продадени автомобили

Турција стана единствената земја која минатата (2020) година во споредба со претходната (2019) година ја зголеми продажбата на автомобили и со тоа се искачи на шестото место меѓу земјите со најголема продажба на автомобили во Европа.

На вкупниот пазар кој ги опфаќа Европската унија (ЕУ), земјите на Унијата за слободна трговија на Европа (ЕФТА) и Обединетото Кралство, заклучно со крајот на 2020 година нема земја која ја зголеми својата продажба на автомобили, додека во Турција која покажа пример на успешна борба против Ковид-19 е забележан раст во автомобилскиот пазар. 

Според сумираните податоци на извештајот за проценка на автомобилскиот пазар на Европа подготвен со податоците на Асоцијацијата на производителите на автомобили на Европа (ACEA) од страна на Здружението на дистрибутерите на автомобили (ODD), Турција стана единствената земја која забележа раст во продажбата на автомобили во Европа во 2020 година во споредба со претходната 2019 година.

Освен тоа, Турција која на крајот на 2019 година се наоѓаше на деветото место според продажбата на автомобили меѓу 30 европски земји, на крајот на 2020 година се искачи за 3 места погоре. 

На крајот на 2020 година во споредба со претходната 2019 година Турција со раст од 57, 5 осто и 610.109 автомобили се најде на шестото место по бројот на продадените автомобили во Европа.

 



Слични вести