Извозот на суво овошје од Турција за Кина во 2020 година достигна до 28 милиони долари

Претседателот на Управниот одбор на Унијата на извозниците на суво овошје и негови производи од Егејската област Бирол Џелеп истакна дека извозот на суво овошје од Турција за Кина во 2020 година достигна до 28 милиони долари

1567419
Извозот на суво овошје од Турција за Кина во 2020 година достигна до 28 милиони долари

Извозот на суво овошје од Турција за Кина во минатата (2020) година со остварен раст од 21 отсто достигна до 28 милиони долари.

Претседателот на Управниот одбор на Унијата на извозниците на суво овошје и негови производи од Егејската област Бирол Џелеп во објавеното писмено соопштение истакна дека секторот на суво овошје во 2019 година достигна до извоз во висина од над 1,4 милијарди долари. 

Велејќи дека и минатата (2020) година беше затворена со остварен извоз на суво овошје во износ од 1,4 милијарди долари, Џелеп рече дека им придаваат посебно значење на промотивните работи насочени кон Далечниот исток кадешто се повеќе се зголемува побарувачката за храна.

Бирол Џелеп информира дека извозот на суво овошје и негови производи од Турција за Кина во 2020 година со раст од 21 отсто достигна до 28 милиони долари.



Слични вести