Извозот на зачини на Турција се зголеми на 200 милиони долари

САД го зазедоа првото место во извозот на зачини со 29.743.000 долари.

1566590
Извозот на зачини на Турција се зголеми на 200 милиони долари

Извозот на зачини на Турција во 2020 година се зголеми за 15 отсто во однос на претходната година и се искачи на 201.735.000 долари.

Според податоците собрани од Здружението на извозници на Егејот, Турција во 2019 година од извозот на  зачини, меѓу кои производи се наоѓаа ловор, мајчина душица, ким оствари заработка од 175.542.000 долари.

Секторот, кој продава производи во повеќе од 100 земји, особено Соединетите Американски Држави (САД), во 2020 година својот извоз го зголеми за 15 отсто и достигна 201.735.000 долари.

САД го зазедоа првото место во извозот на зачини со 29.743.000 долари. По оваа земја следуваа Германија со 22.822.000 долари и Кина со 8. 941.000 долари.

Што се однесува на најмногу извезениот производ, мајчината душица се најде на првото место со 59.843.000 долари, по што следува ловорот со 44.586.000 долари и кимот со 11.427.000 долари.



Слични вести