Истанбулскиот Аеродром со 23,4 милиони патници на прво место во Европа во 2020 година

Истанбулскиот Аеродром според бројот на патници меѓу аеродромите во Европа во 2020 година со 23,4 милиони патници се најде на првото место, а на второто и третото место се наоѓаат Аеродромот Хитроу во Лондон и Аеродромот Шарл де Гол во Париз

1566696
Истанбулскиот Аеродром со 23,4 милиони патници на прво место во Европа во 2020 година

Истанбулскиот Аеродром минатата (2020) година со 23,4 милиони патници се најде на првото место во Европа по бројот на патници.

Во 2020 година поради затворањето на границите и донесените забрани за патување поради пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) дојде до сериозен пад во бројот на патниците на аеродромите во целиот свет.

Истанбулскиот Аеродром според бројот на патници меѓу аеродромите во Европа во 2020 година со 23,4 милиони патници се најде на првото место.

По Истанбулскиот Аеродром следуваат Аеродромот Хитроу во Лондон (Англија) на второ  и Аеродромот Шарл де Гол во Париз (Франција) на трето место со по 22,1 милион патници. На четврто место е Аеродромот Скипол во Амстердам (Холандија) со 20,9 милиони патници, а на пето место Аеродромот во Франкфурт (Германија) со 18,8 милиони патници.

Истанбулскиот Аеродром кој се појавува на преден план со преземените превентивни мерки во периодот на пандемијата во минатата (2020) година со 23 милиони 409 илјади 132 патници се најде на чело на списокот.

Истанбулскиот Аеродром стана првиот аеродром во светот на кој во рамките на програмата „Аеродромска здравствена акредитација“ започната на 24 јули 2020 година од страна на Меѓународниот совет на аеродроми (ACI), му беше доделен сертификат.

 



Слични вести