Најмногу извоз на цитруси во 2020 оствари мандарината

Минатата година беше остварен извоз на цитруси од 933 милиони долари

1565199
Најмногу извоз на цитруси во 2020 оствари мандарината

 

Турција во 2020 година на оствари извоз на цитруси од 933 милиони долари, додека мандарината со 437.696.000 долари беше најпродаден производ.

Според информациите собрани од податоците на Унијата на медитерански извозници, минатата година беше остварен извоз на цитруси од 933 милиони долари.

Мандарината, која даде најголем придонес во извозот на цитрусно овошје, во споредба со претходната година кога беше остварен извоз од 347 милиони 47 илјади долари, постигна пораст од 26 %.

Минатата година од извозот на 861 илјади 121 тон мандарини беа остварени приходи од 437 милиони 696 илјади долари.

Минатата година по извозот на мандарините, најголем извоз и приходи беа остварени од лимони и тоа 273 милиони 927 илјади долари, портокали со 128 милиони 843 илјади долари и грејпфрутот со 92 милиони 591 илјади долари



Слични вести