Анталија и покрај Ковид-19 во 2020 година ја посетија над 3,5 милиони туристи од 175 земји

Анталија и покрај пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во 2020 година ја посетија над 3,5 милиони туристи од 175 земји ширум светот, а најмногу туристи 1 милион 509 илјади 648 дојдоа од Русија

1564240
Анталија и покрај Ковид-19 во 2020 година ја посетија над 3,5 милиони туристи од 175 земји

Анталија која се наоѓа меѓу значајните туристички дестинации на светот, минатата 2020 година и покрај пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) пречека над 3,5 милиони туристи од 175 земји ширум светот.

Надворешниот пазар којшто беше отворен на 1 јули кога започна меѓусебните летови со Украина, беше интензивирани на 1 август кога започнаа меѓусебните летови и со Русија.

Во првиот ден во Анталија дојдоа 519 туристи, а потоа беа реализирани летови од голем број различни земји на чело со Германија, Полска и Велика Британија.

Благодарение на мерките коишто беа преземени во периодот на пандемијата Анталија стана адреса на здравиот и безбеден одмор така што дојдоа 3 милиони 512 илјади 910 туристи од 175 земји ширум светот, од Соединетите Американски Држави (САД) до Балканот и од Европа до Азија.

Анталија во 2020 година пречека 1 милион 509 илјади 648 туристи од Русија, 557 илјади 765 од Украина, 346 илјади 319 од Германија, 211 илјади 881 од Велика Британија, 90 илјади 751 од Полска, 50 илјади 366 од Швајцарија, 45 илјади 693 од Молдавија, 44 илјади 526 од Романија, 39 илјади 834 од Казахстан и 27 илјади 987 туристи од Холандија.



Слични вести