Турција од извозот на црвен лут пипер во 2020 година заработи 7 милиони 637 илјади долари

Турција од извозот на црвен лут пипер заработи во 2020 година заработи приходи во износ од 7 милиони 637 илјади долари

1563771
Турција од извозот на црвен лут пипер во 2020 година заработи 7 милиони 637 илјади долари

Во извозот на црвен лут пипер од Турција во 2020 година во споредба со претходната 2019 година е остварен раст од 30 отсто.

На тој начин, извозот на црвен лут пипер како еден од најомилените јадења коишто се произведуваат во Турција, во 2020 година во споредба со претходната година со раст од 30 отсто се зголеми на 7 милиони 637 илјади долари.

Според сумираните податоци на Унијата на извозниците од Југоисточно-анадолската област (ГАИБ), од Турција во 2019 година е остварен извоз на црвен лут пипер во износ од 5 милиони 876 илјади долари.

Во 2020 година пак, извозот ги надмина за 30 отсто бројките од претходната година и достигна до 7 милиони 637 илјади долари.

Минатата година им беа продадени 2.571 тон црвен лут пипер на 107 земји во светот меѓу кои се наоѓаат Германија, Саудиска Арабија, Велика Британија, Холандија, Франција, Шведска, Канада, Италија, Америка, Холандија, Камерун, Унгарија Екваторска Гвинеја, Танзанија, Естонија, Конго, Папуа Нова Гвинеја, Виетнам, Етиопија, Костарика, Габон и Романија. 

На прво место во извозот на црвен лут пипер се наоѓа Германија со 755 тони извоз. 

По оваа земја следуваат Саудиска Арабија со 477 тони и Велика Британија со 220 тони.

 



Слични вести