Турција од извозот на лешници во 2020 година заработи 1 милијарда 945 милиони 299 илјади долари

Во минатата (2020) година најголем извоз беше остварен во Германија на која и беа продадени 67 илјади 439 тони лешници и од тоа беа обезбедени девизни приходи од 441 милион 381 илјада долари

1563724
Турција од извозот на лешници во 2020 година заработи 1 милијарда 945 милиони 299 илјади долари

Според добиени информации од Унијата на извозници на лешници и негови производи од црноморската област (КФМИБ), Турција во минатата (2020) година оствари извоз на 280 илјади 924 тони лешници во приближно 120 земји во светот и од тоа заработи приходи во износ од 1 милијарда 945 милиони 299 илјади долари.

Минатата година најголем извоз беше остварен во Германија на која и беа продадени 67 илјади 439 тони лешници и од тоа беа обезбедени девизни приходи од 441 милион 381 илјада долари. 

По Германија, земји во кои е остварен најголем извоз на лешници од Турција се Италија со 56 илјади 433 тони и приходи од 405 милиони 475 илјади долари и Франција со 19 илјади 325 тони и заработени приходи од 135 милиони 699 илјади долари.



Слични вести