Турција најголем извоз на цитрусно овошје во 2020 година оствари во Русија од 410,4 милиони долари

Турција во 2020 година оствари извоз на цитрусно овошје во износ од 933 милиони долари, додека земја во која беше остварен најголем беше Русија во висина од 410 милиони 406 илјади долари

1563524
Турција најголем извоз на цитрусно овошје во 2020 година оствари во Русија од 410,4 милиони долари

Во минатата (2020) година од извозот на цитрусно овошје Турција заработи приходи во износ од 933 милиони долари, од кои 410 милиони 406 илјади долари беа заработени од извозот во Русија.

Според сумираните податоци од Унијата на извозниците од средоземноморската област, во 2019 година беше остварен извоз на цитрусно овошје во износ од 313 милиони долари, а минатата 2020 година овој извоз забележа раст од 31 отсто.

Минатата година кога беше остварена надворешна продажба на цитрусно овошје од Турција во вкупен износ од 933 милиони долари на Русија и е продадено цитрусно овошје во износ од 410 милиони 406 илјади долари.

Кога ќе се направи проценка на остварениот извоз за Русија според производи, на прво место се наоѓа извозот на мандарини во износ од 243 милиони 595 илјади долари, а потоа следува извозот на лимони од 77 милиони 341 илјада долари, портокали 63 милиони од 482 илјади долари и грејфурт од 25 милиони 969 илјади долари.

Според земји пак, во извозот на цитрусно овошје на Турција по Русија следуваат Ирак, Украина, Романија и Полска.

 



Слични вести