Во ноември беше постигнат раст на индексот на индустриско производство
Во ноември минатата година, календарски прилагоденото индустриско производство во споредба со истиот месец во 2019 година постигна раст од 11 отсто

Индексот на индустриското производство во ноември 2020 година на месечно ниво се зголеми за 1,3 отсто и на годишно ниво изнесуваше 11 отсто.
Заводот за статистика на Турција (ТУИК), ги објави резултатите за индексот на индустриското производство за ноември 2020 година.
Според тоа, во ноември минатата година, календарски прилагоденото индустриско производство во споредба со истиот месец во 2019 година постигна раст од 11 отсто.
Неприлагодениот индекс на индустриско производство на годишно ниво исто така се зголеми за 8,7 отсто.
При анализата на под-секторите на индустријата, индексот на рударскиот сектор и вадењето камења од каменоломите во ноември 2020 година во споредба со истиот период претходната година се зголеми за 4,6 отсто, индексот на производствениот сектор се зголеми за 11,6 отсто, додека индексот на производството и дистрибуцијата на електрична енергија, гас, пареа и климатизација се зголеми за 7,5 отсто.
Слични вести

Извозот на обработен природен камен на Турција ја надмина бројката од 1 милијарда долари
САД со 325 милиони долари го зазедоа првото место во извозот на обработен природен камен

Најмногу извоз на цитруси во 2020 оствари мандарината
Минатата година беше остварен извоз на цитруси од 933 милиони долари