Во Анталија во 2020 година најмногу туристи дојдоа од Русија

Анталија во минатата 2020 година дојдоа вкупно 3 милиони 512 илјади 910 туристи од кои најмногу од Русија и тоа 1 милион 509 илјади 648 лица

1562845
Во Анталија во 2020 година најмногу туристи дојдоа од Русија

Познатиот туристички центар Анталија кој им влеа доверба на своите посетители и во процесот на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во текот на минатата 2020 година го посетија вкупно 3 милиони 512 илјади 910 туристи од кои 1 милион 509 илјади 648 беа туристи од Русија.

Анталија која се наоѓа меѓу значајните туристички дестинации на светот, освен по своето сонце, песокта и сонцето, се истакнува и по своите историски и природни убавини, античките градови и луксузните постројки за престојување.

Во градот кој секоја година е домаќин на милиони туристи во рамките на „Програмата сертификација за безбеден туризам“ започната во периодот на епидемијата на Ковид-19 во координација на Министерството за култура и туризам, се нуди услуга на безбеден и здрав туризам.

Во тие рамки Анталија во минатата 2020 година ја посетија вкупно 3 милиони 512 илјади 910 туристи.

Во градот кој благодарение на преземените мерки во периодот на епидемијата стана адреса на здравиот и безбеден туризам, на прво место според земјите кои испратија најголем број туристи се наоѓа Русија со 1 милион 509 илјади 648 посетители, а потоа редум следуваат Украина со 557 илјади 765 посетители, Германија со 346 илјади посетители, Велика Британија со 211 илјади 881 посетител и Полска со 90 илјади 751 посетител.

 



Слични вести