Езерото Салда познато како „Малдиви на Турција“ во 2020 година пречека над 800 илјади посетители

Езерото Салда во населеното место Јешилова кај градот Бурдур кое е познато како „Малдиви на Турција“ во 2020 година пречека над 800 илјади посетители

1563135
Езерото Салда познато како „Малдиви на Турција“ во 2020 година пречека над 800 илјади посетители

Езерото Салда кое се наоѓа во населеното место Јешилова кај градот Бурдур и поради својата бела плажа (плажата со бел песок) и извонредно убавата вода со тиркизна боја го прочу своето име и е познато како "Малдиви на Турција", во текот на минатата 2020 година пречека повеќе од 800 илјади посетители.

Според добиени информации од Губернијата на Бурдур, езерото Салда кое претставува вистинско чудо на природата и покрај епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) го посетија над 800 илјади посетители.

Поради преземените мерки против епидемијата езерото Салда беше затворено во текот на приближно 2,5 месеци и почнувајќи од 1 јуни беше отворено за посета, додека во летните месеци минатата година пречека голем број посетители. 

Во рамките на работите за заштита поради интензивната заинтересираност почнувајќи од 15 октомври од страна на Министерството за животна средина и урбанизам беа затворени за влегување езерото и плажата во областа "Бели острови" на езерото Салда.

Езерото Салда во 2019 година го посетија 1 милион 400 илјади лица.

 



Слични вести