Намалена стапката на невработеност во Турција
Стапката на невработеност во Турција, во октомври 2020 година се намали за 0,7 поени

Стапката на невработеност во Турција, во октомври 2020 година се намали за 0,7 поени и во споредба со истиот период 2019 година беше пониска за 12,7 проценти.
Институтот за статистика на Турција (ТУИК) ги објави статистичките податоци за работната сила за периодот октомври 2020 година.
Според тоа, вкупниот број на невработени во Турција на 15 и над 15 годишна возраст во октомври 2020 година во споредба со истиот период претходната година се намали за 391.000 лица беше регистрирана бројка од 4.005.000 лица. Во истиот период, стапката на невработеност реализира со пад од 0,7 поени изнесуваше 12,7 отсто.
Стапката на неземјоделска невработеност со пад од 0,9 процентни поени беше пресметана како 14,8 проценти.
Во наведениот месец, стапката на невработеност кај младите од 15-24 години, падна за 0,4 поени и изнесуваше 24,9 отсто. Стапката на невработеност за групата возрасни од 15-64 години со пад од 0,7 поени изнесуваше 13 отсто.
Слични вести

Извозот на обработен природен камен на Турција ја надмина бројката од 1 милијарда долари
САД со 325 милиони долари го зазедоа првото место во извозот на обработен природен камен

Најмногу извоз на цитруси во 2020 оствари мандарината
Минатата година беше остварен извоз на цитруси од 933 милиони долари